Биткоинот троши повеќе електрична енергија од цела Аргентина

115

Веста за тоа колку струја на годишно ниво се троши за производство на биткоини не успева да ги деморализира љубителите на оваа криптовалута да инвестираат во неа, па дури ни оние кои се сметаат за екологисти.

Анализата на експертите од универзитетот Кембриџ откри дека биткоинот троши повеќе електрична енергија годишно отколку целата држава на Аргентина. Во бројки тоа е 121,36 терават часови годишно.

Најголемиот дел од потрошената електрична енергија паѓа на таканаречено рударење на оваа валута, во која моќните компјутери вршат сложени пресметки за да овозможат проверка на трансакцијата.

Рударењето  на криптовалути најверојатно нема да се намали освен ако не падне нивната пазарна цена, предупредуваат експертите. Но, токму еден од најпознатите еколошко освестени претприемачи, Илон Маск инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин и со тоа дополнително ја зголеми својата вредност на пазарот.

Ако цената продолжи да расте, што е сè поизвесно, сè повеќе рудари ќе се вклучуваат во оваа работа, а со тоа ќе расте и потрошувачката на електрична енергија.

Фото: Pixabay