Netflix преговара за снимање филм за тоа како корисниците на платформата Reddit ја зголемија цената на GameStop и така ги надмудрија големите хеџ фондови.
Филмот ќе ја истражува моќта што социјалните мрежи им ја дадоа на поединци да ја да предизвикаат финансиската и политичка елита. Освен сагата за GameStop, филмот ќе истражува како социјалните медиуми се искористени за ширење на неосновани тврдења околу измами на гласачи во текот на претседателските избори во 2020 година, што на крајот кулминираше со влез во американски Капитол на приврзаниците на Доналд Трамп.
Netflix не е единствена компанија што презема брзи чекори со коишто сагата на GameStop ќе ја екранизира. Конкурентското филмско студио MGM ги откупи правата на книгата на Бен Мезрик, со наслов Асоцијална мрежа, што е инспирација за хит филмот од 2010 година за основање на Facebook, под насловот Социјална мрежа/
Обични луѓе кои учествувале во платформата Reddit почнаа да лицитираат на Wall Street со цел да ги принудат трговците кои се занимаваат со таканаречен short selling на акциите да ги затворат своите позиции со големи загуби, што за GameStop значеше огромен раст на вредноста на акции од скромни 18 на максимални 483 долари.
Фото: Facebook