Апликација за дружење ја направи најмлада милијардерка

149

Акциите на апликацијата за дружење Bumble пораснаа во четвртокот по  иницијалната јавна понуда на компанијата (IPO), со што 31 – годишната извршна директорка и ко – основач, Витни Волф Херд стана најмладата милијардерка во светот која богатството го стекнала сама без да го наследи. Нејзиниот скоро 12% удел во компанијата вредеше 1,6 милијарди долари, објави Forbes.

Акциите на Bumble почнаа со тргување по цена од 76 долари, многу повеќе од почетната цена за IPO од 43 долари за акција. Како што наведуваат од компанијата Витни Волф Херд поседува 21,54 милиони акции, што е еквивалентно на 11,6% од компанијата.

Покрај тоа што е најмлада светска милијардерка, таа е и најмладата извршна директорка која некогаш извела IPO на компанија во САД.

Со 76 долари за акција, пазарната капитализација на Bumble беше 8,6 милијарди долари.

Витни Волф Херд го основа Bumble во 2014 година, набрзо откако го тужеше Тinder, нејзиниот претходен работодавец, за сексуално вознемирување. Таа изјави дека нејзиниот поранешен шеф и момче Џастин Метин и испраќал закани, погрдни текстови и и ја одземал титулата ко-основач на Тinder.
Тinder негираше каква било неправда и случајот беше решен брзо и доверливо.

Фото: Facebook