Сакате да бидете сам свој газда, а имате малку пари

758

Да се биде претприемач е уметност и наука како да се постигне повеќе со малку – малку пари, луѓе, време. Никогаш нема да имате доволно пари или почетен капитал, финансии. Ако немате доволно капитал за да го започнете бизнисот како што планирате, тогаш сменете го планот. Не можете секогаш да го контролирате тоа што го имате, но можете да го контролирате тоа што сакате да го направите со тоа што го поседувате.

Како да започнете бизнис со малку пари звучи како бајка, но сепак е можно. За некои бизниси ви треба само Интернет, компјутер или мобилен телефон и малку фантазија – искористете ги предностите и станете свој шеф. Живееме во време кога интернетот ни нуди разни можности. Една од нив е да започнете бизнис и без пари. Се разбира, тука се и оние бизниси за кои ќе ви треба почетен капитал. 

 За да започнете со овие бизниси не ви требаат пари

Инфлуенсер

Ова е едно од најпопуларните занимања на новото време. Иако изгледа како работа каде ништо не се прави, вистината е сосема поинаква.

На почетокот, најважно е да се издвојувате од другите со нешто и да бидете сакани од публиката.

Кога ќе започнете да се искачувате на врвот на листата на Инфлуенсери, тогаш веќе ќе мора да вложите дел од заработените пари (ако не и сите на почетокот) за да станете уште подобри.

Експерт за управување со социјални медиуми

Успешните големи компании, но и помалите, немаат време да водат социјални мрежи. Нивниот маркетинг тим е насочен кон поголеми цели. Затоа, тие вработуваат луѓе кои наместо нив ќе бидат “заинтересирани“ за социјалните мрежи.

Онлајн продавница

Без разлика дали имате производство или ги набавувате производите, потребен ви е почетен капитал за материјали или стоки. Плус, трошоците за создавање на страница. Се разбира, постои опција воопшто да не инвестирате во страницата, туку да ја креирате вашата онлајн продавница на популарните социјални мрежи. Иако второто не звучи професионално, многу од нашите нови претприемачи се фокусирани единствено на пазарот на Instagram или Facebook.

Фото: Pixabay