Над шест милијарди денари откуп и продажба на земјоделски производи за три месеци

54

Во четвртото тримесечје од 2020 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 6.118.213.000 денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 22,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 26,8%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 9,9%.

Намалувањето е забелжано кај сите производи, освен кај овошјето и добитокот.

Фото: Pexels