Facebook воведе забрана за споделување вести во Австралија

46

Граѓаните од Австралија не можат да читаат вести на Facebook, откако компанијата соопшти дека нивните корисници не можат да споделуваат или гледаат новински содржини од локалните и меѓународните медиуми.

Оваа објава е одговор на предложениот закон во Австралија со кој би се принудиле технолошките компании да им плаќаат на медиумите за содржината која ја објавуваат на нивните платформи.

“Она што предлог-законот во Австралија не сака да го препознае е природата на односот помеѓу нашата платформа и издавачите на вести. Спротивно на она што некој го сугерира,Facebook не краде вести, туку издавачите одлучуваат да ги споделат нивните содржини на Facebook. Се надевам дека во иднина ќе можеме да ги вклучиме вестите за граѓаните од Австралија повторно“, напиша заменик претседателот за глобални вести на Facebook, Кембел Браун.

Фото: Pixabay