Рекордна загуба на Renault

47

Францускиот производител на автомобили, Renault минатата година работеше со рекордна загуба од осум милијарди евра, што ги надмина прогнозите на аналитичарите.

“2020 година беше тешка, а 2021 година ќе биде исто толку предизвикувачка затоа што пандемијата не е завршена, а проблемите со снабдувањето со чипови исто така не се решени“, предупредува претседателот на Renault, Лука де Мео, по објавување на резултатите.

Renault процени дека проблемите со компонентите оваа година може да влијаат на неговото производство за околу 100.000 возила.

Фото: Pixabay