Германски производители на пиво во отворено писмо до властите побарале финансиска помош бидејќи би можеле да се соочат со банкрот поради намалената побарувачка во услови на рестриктивни мерки воведени поради пандемијата.
Во отвореното писмо, како што пренесува Ројтерс, се потпишале околу 300 пивари кои бараат финансиска помош од властите во рамки на програмата за поддршка во услови на корона криза, поради којашто беа принудени да фрлат голема количина непродадено пиво. Меѓу потписниците се: Carlsberg, Bitburger Braugruppe, Krombacher и Paulaner Brauerei.
Германија во ноември лани повторно ги затвори пабовите, хотелите и рестораните.
Пиварниците минатата година продале околу 8,7 милијарди хектолитри пиво, што е за 5,5% помалку одошто една година претходно. Во оваа бројка не влегуваат безалкохолното пиво, напитоците од лад и пивото увезено од земји надвор од Европската унија.
Фото: Pexels