На берзата во две блок трансакции се продадоа вкупно 15.765 акции од Комерцијална банка АД Скопје. Вредноста на продажбата изнесува 127,7 милиони денари или околу два милиони евра.
Во првата трансакција вредна 122,7 милиони денари продадени се 15.152 акции по цена од 8.100 денари за акција.
Втората трансакција достигна вредност од 3,5 милиони денари, а продадени се 438 акции по цена од 8.200 денари за акција.
Фото: Pixabay