Над 10,2 милијарди денари долгови кон УЈП

86

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави втората Листа на должници за оваа година, на којашто објавени се 1.880 должници – правни лица (помалку за 94 од претходната листа) и 2.818 физички лица (помалку за 143 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2021 изнесува 10.281.264.568 денари, помалку за 281.635.307 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.223.397.038 денари (помалку за 132.730.966 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 57.867.530 денари (помалку за 148.904.341 денари од претходната листа).

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2021 за долгови доспеани до 31.10.2020 и неплатени до 31.01.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Фото: Pexels