Каква судбина ги чека зимските колекции во бутиците?

72

Стотина милиони јакни и џемпери, шалови, капи, чизми… и понатаму се во продавниците и складиштата, покажуваат податоците на германското здружение на трговци со текстил ВТЕ.

Кон крајот на годината Германија повторно воведе строги рестриктивни мерки поради коишто беа затворени и продавниците и бутиците. Иако онлајн трговијата е во подем, сепак таа не може во целост да го надомести затворањето на продавниците, пренесува Bloomberg.

Затоа, трговците си го поставуваат прашањето што да прават со зимските колекции, па имаат четири опции. Прво, облеката и обувките да  ги складираат и повторно да ги продаваат следната зима, но за тоа е потребен простор за складирање којшто е прилично скап, а ликвидноста на трговците е доведена во прашање.

Второ, преостанатата зимска облека може да им се даде на продавниците што продаваат евтини производи, но тогаш таа останува на пазарот и порано или подоцна стануваат конкурентни за бутиците.

Третата опција е да се донира облеката, а четвртата е таа да биде уништена.

Трговците сметаат дека треба да се симнат даночните давачки поврзани со донациите, исто како што тоа се прави за трговците на храна, кои донираат во банки за храна и други здруженија без да плаќаат данок за тоа. На тој, начин ќе се заштити животната средина, а многумина ќе добијат топла облека што не можат да си ја дозволат.

Фото: Pexels