Извозот на компјутерски услуги им донесе 1,37 милијарди евра

61

Од извоз на компјутерски услуги Србија минатата година заработи 1,37 милијарди евра, што е за 4,4% повеќе одошто во 2019 година, пренесуваат српските медиуми.

И во услови на пандемија, извозот бележи добри резултати, особено во последниот квартал од 2020 година, кога е регистриран пораст од над 30% во однос на декември 2019 година.

Во текот на изминатите неколку години, извозот на ИТ услуги имаше стапка на раст од над 25%.

Во земјата се активни околу 20.000 ИТ експерти коишто придонесуваат за овој раст.

Фото: Pexels