Францускиот производител на автомобили Renault објави дека ќе го продаде целиот свој удел од 1,54% во германската компанија Daimler.
Од Renault наведуваат дека ќе ги продадат своите 16,45 милиони акции во Daimler.
Врз основа на цената на акцијата на Daimler од 72,09 евра за акција, уделот на Renault ќе вреди нешто повеќе од 1,8 милијарди евра.
“Индустриското партнерство меѓу групите Renault и Daimler останува исто и финансиската трансакција нема да има никакво влијание“, се вели во соопштението.
Францускиот производител на автомобили разменија удели со Daimler во 2010 година со својот јапонски партнер Nissan за зајакнување на индустриското партнерство.
Фото: Pixabay