Кина ја надмина Европа на уште едно поле

100

Кина значително го зголеми водството во продажбата на нови автомобили во однос на Западна Европа.

Додека во Европа беа продадени 1,52 милиони автомобили во јануари и февруари, продажбата во Кина беше 3,96 милиони, според студијата на Autoexperte Dudenhöffer. Пред една година беа продадени 1,99 милиони возила во Европа, а само 1,6 милиони во Кина во истиот период.

“Во Кина никогаш во првите два месеци од годината не биле евидентирани толку високи податоци за регистрација на автомобили како во 2021 година#, пишува водачот на студијата Фердинанд Дуденхафер.

Ова е јасен знак дека Кина ја остави пандемијата на короната зад себе, додека Европа сè уште е длабоко во криза.

Само во Германија, во јануари и во февруари се продадени четвртина помалку возила отколку во истиот период минатата година, поточно само околу 364.000 наместо 486.000 автомобили од претходната година. Другите западноевропски земји беа уште повеќе погодени.

Продажбата на нови автомобили опадна за околу 46% во Португалија и Шпанија, а во Данска за 40%. Според податоците, Ирска поминала подобро меѓу земјите на ЕУ со минус од 11%.

Норвешка е единствената западноевропска земја што ја зголеми продажбата на автомобили со 5% повеќе отколку во истиот период минатата година.

Фото: Freepik