Сè повеќе градови делумно или целосно ги забрануваат фосилните горива

85

Бројот на градови што делумно или целосно ги забранија фосилните горива во 2020 година се зголеми за петпати на 43, додека 1.300 градови со вкупно милијарда жители имаат цел или политика за обновлива енергија, покажува анализата на Renewable Energy Network21.

Анализата покажува дека градовите во коишто живее 55% од светската популација се одговорни за 75% од глобалната емисија на штетни гасови.

Брзата замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија во системите за греење, ладење и транспорт се пресуден фактор за успешна климатска стратегија на градовите.

Покрај 43 градови, коишто заклучно со минатата година воведоа забрана за фосилни горива за греење и транспорт, што е петпати повеќе од 2019 година, наскоро тоа го планираат уште 20 градови низ светот.

На глобално ниво, 830 градови во 72 земји имаат обврзувачки цели поврзани со обновливите извори на енергија, а околу 800 спроведуваат мерки за поддршка на проекти со обновливи извори.

Над 10.500 градови во светот ја прифатија целта за намалување на емисијата на штетни гасови, додека 800 се обврзаа на нулта емисија, што е за над 100 градови повеќе одошто во 2019 година.

Фото: Pexels