Римац отвора канцеларија во Велика Британија

44

Хрватската компанија Rimac Automobili отвори канцеларија за истражување и развој во Велика Британија, објави сопственикот Мате Римац при посетата на британскиот министер за меѓународна трговија, Грег Хендс, во неговата фабрика во хрватскиот град Света Недела.

Канцеларијата на Rimac Automobili  за истражување и развој во Велика Британија ќе биде ново работно место за околу 30 лица до крајот на годината. Таму ќе соработуваат со претставници од британската автомобилска индустрија и седиштето на компанијата сместено во Хрватска.

Компанијата на Римац во овој момент вработува скоро 1.000 лица, а и претходно има искуство во соработка со британски компании бидејќи досега испорачувала технологија за британски автомобилски брендови, како што се Aston Martin и Jaguar.

Фото: Facebook