Грција може да ги отвори границите и пред 14 мај?

100

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис објави дека границите на оваа медитеранска земја можат да бидат отворени за странски државјани пред 14 мај, датум кој неодамна беше наведен како “Ден Д“ за сите оние кои сакаат да дојдат на одмор во земјата.

“Доколку биде сè во ред со коронавирусот, Грција ќе може да прими туристи уште порано. Зборувам за постепена либерализација на патувањата од Европа, САД, Велика Британија, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емирати“ рече Теохарис, а пренесе Прототема.

Како услови за влез во Грција, министерот за туризам наведе вакцинација, здравствено уверение или негативен тест за коронавирус.

“Кога патниците ќе пристигнат, тие ќе бидат подложни на примерок за проверка на аеродромот со употреба на иновативен систем. Исто така, ќе користиме и брзи тестови. Дополнително, ќе располагаме и со хотели наменети за изолација“ најави Теохарис.

Фото: Pixabay