Производители на облека бараат подобри услови од модните брендови

66

Производителите на облека од девет земји во Азија, Блискиот Исток и северна Африка ги здружија силите за да можат од трговците да издејствуваат подобри услови во договорите за набавка.

Бројни модни брендови на почетокот на пандемијата почнаа да ги откажуваат нарачките, а некои доцнеле со плаќањето. Во март и април минатата година, модни брендови откажале или стопирале нарачки од фабрики за облека во Бангладеш во вредност од скоро 3,7 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Иако некои од нив се обврзале да ги платат откажаните нарачки, здружението на производители проценува дека неподмирени останале уште 18 од вкупно 40 милијарди долари вредни нарачки.

Вкупно 13 здруженија што ги претставуваат добавувачите на облека од Кина, Бангладеш, Мјанмар, Камбоџа, Виетнам, Пакистан, Турција, Мароко и Индонезија ги дефинирале минималните услови што треба да им ги претстават на клиентите. Условите вклучуваат рок на плаќање од 90 дена и запирање на праксата за преговори околу попусти по примање на нарачката.

Модните брендови минатата година изгубиле приходи од 1.200 милијарди долари поради пандемијата. Иако дел од приходите е надоместен со интернет продажба, многумина беа принудени да продаваат облека со големи попусти за да може да се ослободат од залихите.

Податоците покажуваат пад на увозот на облека од април до јули 2020 година во Европа и САД во вредност од 16,2 милијарди долари.

Фото: Pexels