Секојдневието на човештвото зависи од пет морски премини

116

Незгодата во Суецкиот канал покажа колку човештвото е зависно од поморскиот сообраќај. Инцидентот со насуканиот брод Ever Given предизвика материјална штета што се мери во неколку десетици милијарди евра.

Запирање на сообраќајот преку некои од најважните канали и теснеци, коишто се крвоток на светската трговија, значи загуба на време и пари поради доцнење во испораките.

Не постои начин тоа да се избегне, бидејќи секоја алтернативна рута ќе значи и една недела доцнење.

И покрај спектакуларното враќање на железничкиот сообраќај, што го има приматот во копнениот транспорт, сепак поморскиот превоз и понатаму е најисплатлив. Поморскиот превоз денес е најзастапен сегмент, на што придонесува и ширење на глобалната трговија. Светската трговска организација наведува дека над 80% од светска трговија се одвива преку бродови. Со многу повеќе бродови од поради, поморските трговски рути денес се и посигурни поради примена на современи технологии.

Поморскиот превоз во светот денес зависи од пет клучни премини: Суецки канал, Хормушки теснец, Малајски премин, Панамски канал и Босфор.

Суецки канал

Еден од каналите што го привлече вниманието на светската јавност поради насукување на огромен товарен брод е Суецкиот канал. Пловен е за бродови што имаат носивост до 240.000 тони. Минатата година низ него поминале 19.000 бродови, просечно по 51 брод дневно, а со себе носеле 1,17 милијарди тони товар.

Хормушки теснец

Станува збор за најважна точка на светскиот превоз на нафта и е познат како choke point. Доколку се затвори, тогаш ќе го дојде до силни промени на пазарот. Тоа е морски премин што ги спојува Персискиот залив со Оманскиот залив којшто лежи меѓу јужен Иран и Обединетите Арапски Емирати. Неговата ширина е од 39 до 96 километри и низ него поминува околу 25% од светската нафта што со танкери се пренесува од Персискиот залив.

Малајски премин

Малајскиот премин се наоѓа меѓу Малезија и Индонезија, но е опасен поради пирати. Долг е околу 830 километри и до 215 километри широк премин меѓу Малајскиот полуостров и островот Суматра. Околу 25% од светската поморска трговија се одвиваат преку овој премин, низ којшто поминуваат околу 2.000 бродови дневно.

Панамски канал

Ги спојува Атлантскиот и Тихиот океан, односно Карипското море со Панамскиот залив. Првиот брод низ каналот поминал во 1914 година, а во текот на 2015 година низ каналот поминале 13.870 бродови со вкупно 340,8 милиони тони товар, пренесува Вечерњи лист.

Босфор

Во Средоземното море посебно важен е Босфор, којшто е долг 31 километар, а на места широк само 730 метри. Годишно низ него поминуваат 48.000 бродови, а е еден од најпрометните и најкомплицирани премини.

Фото: Pexels