Голем светски производител на паметни телефони се повлекува од пазарот

193

Јужнокорејски LG Electronics Inc е првиот голем производител на паметни телефони што се откажува од нивно производство поради загуби.

Одлуката да се повлече ќе остави празен простор од 10% од пазарот во Северна Америка, каде што е на трето место по продажба и каде за тој дел од пазарот се бори со Samsung и Apple.

“Во САД LG целеше на пазарот на уреди со средна и ниска цена и тоа значи дека Samsung, којшто има поумерени цени од Apple, ќе биде во подобра позиција привлекувајќи ги корисниците на LG“, велиу Ко Еуи Јанг, аналитичар на пазарот.

Одделот на LG што произведува паметни телефони бележи загуби шест години по ред, а достигнаа вредност од 4,5 милијарди долари.

Напуштање на овој сегмент од пазарот на LG ќе му овозможи да се фокусира на подрачја како што се делови за електрични автомобили, паметни домови и поврзани уреди.

Порано LG имаше бројни иновации кога станува збор за мобилните телефони и во 2013 година, кога го достигна врвот, беше трет најголем производител на паметни телефони по Samsung и Apple.

Минатата година LG пласираше само 23 милиони паметни телефони, наспроти Samsung којшто на пазарот продаде 256 милиони.

Фото: Pexels