Извозот порасна за 9,8%, а увозот за 4,4% во првите два месеца од 2021-ва година

51

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари февруари 2021 година, изнесува 1.072.524.000 евра и бележи пораст од 9,8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.368.640.000 евра што е за 4,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 296.116.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2021, изнесува 78,4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Фото: Pexels