Рестораните во Америка се соочени со недостиг на кечап, бидејќи пандемијата ја зголеми побарувачката на популарниот сос од домати.
Компанијата Heinz, којашто го има еден од најпопуларните брендови на кечап, соопшти дека порастот на потрошувачката е и поради зголемената достава на храна за носење, пренесува ВВС.
Кесичките со кечап често се доставуваат заедно со храната, како замена за шишињата што ги има во рестораните.
Цената на кесичка кечап е зголемена за 13% од јануари минатата година.
Фото: Freepik