Поскапуваат горивата

65

Бензините поскапуваат за пола, а дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 13,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,779 ден/кг.

Фото: Pixabay