Економската активност во еврозоната се врати на стапката на раст

25

Економската активност во еврозоната се врати на стапката на раст минатиот месец, водена од рекордна експанзија во производниот сектор, но и индустријата на услуги покажа дека се снаоѓа подобро од очекувањата во услови на пандемија, покажува анализата на IHS Markit.

Индексот на менаџерите за набавка на Markit (PMI) за услужниот сектор порасна во март на 49,6 поени од 45,7 во февруари, што е значително повеќе од претходните проценки од 48,8 поени и минимално под граничната вредност од 50 поени што ги одвојува растот и падот, пренесува Ројтерс.

Кумулативниот PMI индекс, што опфаќа и производство и услуги и којшто се смета за добар показател на економската состојба, порасна на 53,2 поени во март од 48,8 поени претходниот месец, што е подобро од прелиминарните проценки од 52,5 поени.

Фото: Pixabay