Музичката ѕвезда Лејди Гага и луксузниот бренд за пијалаци, Dom Perignon, заеднички промовираат ексклузивна линија на розе шампањ.
Промоцијата се поклопува со времето кога ќе биде објавен новиот албум на Лејди Гага под името Chromatica. Кампањата ќе се вика The Queendom, а го рекламира розе изданието на Dom Perignon од 2005-та година, којшто воодушеви бројни вински критичари.
Шампањот е наточен во посебно дизајнирано шише што доаѓа заедно со скулптура во облик на роза, а е во ограничена количина од само 110 парчиња. Брендот LVMH, под чија пака е Dom Perignon, одлучи целиот профит под продажбата ќе биде префрлен на сметката на хуманитарната фондација Born this way, што ја води Лејди Гага и нејзината мајка.