Форд од Велика Британија се сели во Турција

40

fordАмерикански производител на автомобили Форд, која неодамна ја затвори фабриката во Саутемптон стара 40 години, ќе ја затвори и фабриката во Дагенхам на 26 јули и ќе го префрли производството во Кочаели во Турција, каде што, според Форд, трошоците се “значително пониски” отколку било каде на друго место во Европа, пишува Заман.

Од компанијата се вели дека капацитетот на фабриката Кочаели е многу поголем од оној на Саутемптон, каде минатата година се произведоа 28.000 Ford Transit, во споредба со 185.000 возила произведени во Турција.

Се очекува Форд следната година да затвори уште еден производствен капацитет, и тоа во Генк, Белгија.

Во меѓувреме, според објавените податоци на Турскиот институт за статистика (Туркстат), бројот на возила регистрирани во земјата се зголемил за 37,3% во мај во однос на претходниот месец. Оваа бројка е повисока за 32,6% на годишно ниво.