Светската потрошувачка на вино во 2020 година е намалена за 3% во споредба со 2019 година, што е најниско ниво од 2002-ра година, покажува анализата на Меѓународната организација за винарство.
“Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за 3% помалку во однос на 2019 година и најниско ниво од 2002-ра“, стои во извештајот.
Во исто време, светското производство на вино се зголеми за 1% во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри.
Според експертите, падот на потрошувачката е вино е поради пандемијата, поради којашто властите во многу земји воведоа рестриктивни мерки што подразбираа затворање на рестораните и баровите, како и ограничување на патувањата на туристите.
Потрошувачката на вино има најголем пад во Јужна Африка за 19,4% и во Кина за 17,4%.
Фото: Pexels