Што опфаќа шестиот пакет за туристичко – угостителскиот сектор?

52

Туристичко-угостителскиот сектор е најпогодениот сектор од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата и затоа, како што напиша премиерот Зоран Заев на Facebook, во рамки на Шестиот пакет економски мерки, предвидено е:

  • Финансиска поддршка од 30.750 денари за сите музичари, членови на здруженијата на музичари, како и за лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.
  • Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.
  • Како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Фото: Pexels