Двесте илјади вакцини Синофарм пристигнаа изутринава во поликлиниката Јане Сандански во Скопје.
Министерот за здравство Венко Филипче, кој ја пречека пратката заедно со кинескиот амбасадор Џао Ѕунг, рече дека по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Дневно ќе се вакцинираат по 10 до 15.000 луѓе.
Вакцината на Синофарм се дава во две дози и може да се чува во обичен фрижидер.