Директорот на Фондот за иновации и развој (ФИТР), Коста Петров денеска даде отчет за сработеното во изминативе шест месеци откако е на чело на ФИТР.
“По шест месеци од моето именување за директор на ФИТР, со гордост сакам да споделам серија успешни проекти, иницијативи и активности кои ги направивме. Без одличниот тим на ФИТР со кој работам, сето ова немаше да биде реалност. Сосема свесни дека пред нас има уште многу работа но и полни со енергија и ентузијазам за нови предизвици“ вели Петров. Во неговата објава на Facebook исто така наведува:
- Формиравме Национален стартап совет преку кој за прв пат државата заедно со преставници од екосистемот развива стратегија за трансформација на македонскиот стартап екосистем
- Со Националниот стартап совет подготвивме листа на потребни законски измени за побрз развој на македонските стартапи. На првиот Национален стартап самит на 28ми мај и официјално ќе ги презентираме овие, повеќе од потребни, законски измени.
- Заедно со Стартап Македонија изработивме истражување за трендовите и предизвиците во македонскиот стартап екосистем. Резултатите од истражувањето ќе ги презентираме веќе идната недела.
- Ја објавивме првата програмата на ФИТР за Корпоративна иновативност чија цел е поголема соработка помеѓу македонските корпорации и стартапите. Со Тинекс, нашиот прв корпоративен партнер, во тек е Јавниот повик “Стартап Херои” преку кој на стартапите со иновативни производи им овозможуваме пласман на специјално брендирани полици во маркетите на Тинекс ширум земјата.
- Ги вклучуваме и банките во развојот на македонскиот стартап екосистем. Две банки веќе креираа специјални пакети за нашите иноватири. Оваа недела потпишуваме договор и со трета банка а до крајот на месецот, уште две банки ќе се вклучат на нашата иницијатива. Преку оваа иницијатива, македонските банки за прв пат ги олеснуваат условите за кредити за македонските иноватори!
- ФИТР стана стратешки партнер на Amazon Web Services. Преку оваа соработка, ФИТР им нуди на македонските стартапи кредити од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари, за кредити за користење на оваа глобална платформа.
- Двојно го зголемивме буџетот за Јавниот повик за Кофинансирани грантови за технолошки развој. Пристигнаа 706 рекордни апликации а во тек е претселекција на пристигнатите апликации.
- Целосно го ревидиравме повикот за стартап и спин оф компании и за прв пат овозможивме аплицирање за проектни тимови. За прв пат и средствата преку овој јавен повик се неповратни.
- МОН го објавивме јавниот повик “Предизвик за млади истражувачи #4
- За прв пат организиравме Јавен повик за дигитализација на земјоделството
- Владата на РСМ избра три нови членови во Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР вклучувајќи го и Претседеталот на КОИ – Марвин Лиао, инаку поранешен комерцијален директор на Јаху и основач на 500 стартапс во Сан Франциско.
- ФИТР стана прва државна институција сертифицирана со ISO 37001: 2017 стандардот за борба против корупција.
- Целосно ја ревидиравме менторската програма на ФИТР и за прв пат вклучивме менторска програма за потенцијални корисници и одбиени корисници
- Заедно со Семос Едукација организираме бесплатни обуки за 1000 лица за вештачка интелигенција
- Импакт евалуацијата на „Фајнанс Тинк“ потврди дека финансиската поддршка од #ФИТР е ефективна и треба да ја задржи досегашната форма.
- Организиравме над 30 инфосесии со водечки експерти од земјава и странство, вклучувајќи и претставници од Facebook, YouTube & Lego
- Потпишавме меморандуми за соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост, МАСИТ, USAID, Startup Macedonia, Државниот завод за индустриска сопственост и ред други стратешки партнери.
- Владата донесе одлука за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, a #ФИТР ќе обезбеди номинации за членови на работна група.
- Во следните шест месеци продолжуваме со уште позабрзано темпо:
- Прв јавен повик за лабаратории за производство – FAB Labs
- Јавен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери
- Јавен повик за финансирање на предлог проекти преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации
- Наш најголем приоритет останува регистрирањето на нашиот прв Инвестициски фонд преку кој сериозно ќе го олесниме пристапот до финансии за најниновативните македонските стартапи!
- Со големи и брзи чекори одиме кон позиционирање на Северна Македонија како регионален стартап хаб.












