Ќе се дозволи организирање на свадби со протоколи, ако бројот на заразени се намалува

Ако ситуацијата со ковид продолжи да биде стабилна, односно ако има и понатаму мал број на новодијагностицирани случаи и мал притисок врз болниците, тогаш многу е веројатно да им се дозволи на угостителите да прават свадби, ама со протоколи во однос на пополнетост на капацитетот, најави министерот за здравство Венко Филипче.

“Притисокот спласнува и во околните земји. Овие мерки е решено дека ќе останат до први јуни. Дали овие трендови ќе продолжат понатаму, дополнително ќе одлучуваме со Комисијата за заразни болести. Будно ја следиме ситуацијата и треба да бидеме внимателни. Маските ќе се носат и понатаму, а можно е да има олабавување на мерките ако продолжи овој тренд. Со ваквиот број на новозаразени, ќе биде дискутирано да се дозволат свадби по протоколи на отворен простор“, рече првиот човек на здравство.

Фото: Pixabay