Кога Internet Explorer заминува во историјата?

133

Американскиот софтверски гигант Microsoft, најави дека следната година ќе го згасне интернет пребарувачот Internet Explorer и ќе се префрли на Edge, за да се обиде да ја загрози водечката позиција на Google Chrome.

Internet Explorer е основан во 1995-та година и доминираше на пазарот на пребарувачи повеќе од 10 години, а беше во рамки на оперативниот систем Windows којшто купувачите често го добивале инсталиран на новите компјутери.

Пред две децении Microsoft поради тој пакет се најде на обвинителна клупа и американскиот суд пресуди дека компанијата ги прекршила прописите за пазарна конкуренција.

Microsoft се жалел на пресудата, но вишиот суд ја потврди, а компанијата и понатаму продолжи да го инсталира Internet Explorer, пренесува Ројтерс.

На крајот на 2000-тата позицијата на Internet Explorer ја загрози Google Chrome, а пребарувачот на Microsoft стана тема на потсмев поради неговата бавност во споредба со конкуренцијата. За да ѝ парира на конкуренцијата, Microsoft во 2015 година го воведе пребарувачот Edge, којшто користи иста технологија како и Google Chrome.

Во април оваа година, Chrome држеше 65% од уделот на глобалниот пазар на пребарувачи, потоа следи Safari на Apple со 18%, додека Microsoft Edge имаше удел од 3%.

Фото: Pixabay