Економскиот раст во еврозоната во мај забрза со најсилно темпо во последните три години, бидејќи повторно има пораст на економската активност во услужната индустрија и зголемување во производниот сектор.
Според анкетата на Ројтерс, економијата на блокот од 19 земји членки на еврозоната би требало да забележи раст од 1,4% во овој квартал.
“Мерките за сузбивање на вирусот во мај се сведени на најниско ниво од минатиот октомври, што овозможи изразено подобрување на економската активност во услужниот сектор, што е проселедено со ново рекордно ниво на производство“, вели Крис Вилијамсон, главен економист во IHS Markit.
Услужните компании имале корист од ослободување на потиснатата побарувачка, поради што нивната економска активност достигна ниво од јануари 2018 година.
Производителите се соочуваат со проблем за набавка на суровините поради намалената понуда и високиот раст на трошоците, што достигнува ниво од јуни 1997-ма година.
“Колку долго ќе траат овие инфлаторни ризици ќе зависи од тоа со која брзината ќе закрепне понудата и ќе се урамнотежи со побарувачката. Нерамнотежата засега се влошува, што резултира со голем притисок врз цената на производите“, додава Вилијамсон.
Фото: Pexels











