Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден, потврдија утрово за МИА од дежурната гранична служба.
И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета. Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.
Според новиот протокол за влез во Грција, нашите државјани треба да знаат дека им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.











