Франција ќе им понуди на младите 300 евра за да следат културни настани. Тие пари ќе можат да ги потрошат на билети во киносали, музеи или театар, но и да купат книги, прибор за сликање, инструменти итн.
Младите ќе имаат еден вид “пропусница за култура“ преку специјална апликација, а споменатата сума ќе трае две години.
Овој начин на поттикнување на младите да ја следат културата е веќе тестиран во 14 региони на Франција и даде добри резултати. Затоа, проектот сега ќе биде проширен и вклучува околу 800.000 млади луѓе на возраст од 18 години.
Ова беше едно од предизборните ветувања на Емануел Макрон, кое сега ќе го исполни. Сепак, наместо првично планираните 500 евра за култура по тинејџер, 18-годишниците ќе добијат 300 евра.
Фото: Pixabay











