Од Црна Гора се одлеале 105,3 милиони евра за еден месец

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора во март изнесуваа 189 милиони евра, додека во исто време од земјата се одлеале 105,3 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора.

Нето приливот на странски директни инвестиции, односно разлика меѓу приливот и одливот, во март изнесуваше 83,7 милиони евра, што е за 37,7% помалку одошто во истиот месец во 2020 година.

“Вкупниот прилив на странски директни инвестиции порасна за 5% во однос на истиот период лани, што е резултат на раст на должничките инвестиции“, се наведува во соопштението на централната банка.

Фото: Pexels