Полска започнува лотарија со највисока награда од дури 273.000 долари за да го охрабри населението да се вакцинира против Ковид-19.
Помошникот министер за здравство задолжен за програмата за имунизација Михаил Дворжик изјави дека и покрај фактот дека 69% од Полјаците изјавиле дека сакаат да бидат имунизирани, спроведувањето лотаријата чија најголема награда вреди еден милион злоти (273.000 долари) е уште е една дополнителна мерка во тој поглед.
Дворжик наведе дека Владата одвоила повеќе од 31 милиони евра за лотарија, која ќе започне на први јули.
Предвидени се награди и за првите петстотини општини од 100.000 злоти (27.397 долари) кои имаат 78,5% имунизирани. Исто така секоја 2.000 вакцинирана личност ќе добие по 136 долари.
Фото: Pixabay











