Gulfstream G650, најдобриот приватен авион што може да се купи за 65 милиони долари

79

a13

На Paris Air Show минатиот месец можеа да се видат многу авиони, но еден се издвојуваше од останатите – Gulfstream G650. Ова е најголемиот, најбрзиот и најдобриот приватен авион што може да се купи за 65 милиони долари. Освен многу пари, тој што ќе посака да го купи ќе мора да има и трпение, затоа што ако го нарача сега, ќе го добие дури во 2017 година.

Со два мотори Ролс-Ројс, авионот може да постигне максимална брзина од 315 метри во секунда (1.130 km/h) и е многу побрз отколку комерцијалните авиони.

Внатре има простор за осум патници плус четири члена од екипажот, а за секој од патниците има посебен оддел, за да имаат приватност и да се чувствуваат удобно.

a1

a2

a3

a4

a5

a6

a7

a8

a9

a10

a11

a12