Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,1% на месечно и за 5,1% на годишно ниво.
Во април 2021, во споредба со март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1% и Енергија за 1,3%.
Во април 2021, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 8,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7% и Капитални производи за 0,4%.
Фото: Pexels











