Чешка денеска ги отвори рестораните како дел од ублажувањето на мерките против коронавирусот, изјави министерот за здравство, Адам Војтеч.
“Освен ресторани, отворени се кафулиња, ноќни клубови и други угостителски објекти кои од денес можат да ги опслужуваат клиентите“, додаде Војтеч.
Чесите можат да одат и на базени, сауни и казина, додека бројот на посетители на културни и спортски настани ќе биде зголемен.
Ројтерс потсетува дека чешката влада планираше да ги отвори угостителските објекти во затворен простор од средината на јуни, бидејќи состојбата постепено се подобруваше со кампањата за вакцинација. На рестораните во Чешка им е дозволено да служат гости во градините од 17 мај, а училиштата се исто така отворени.
Чешка ќе ги отвори своите граници за граѓаните на седум земји, имено Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Хрватска, Австрија и Германија, во согласност со реципрочните договори.
Фото: Pixabay











