Во БиХ жените заработуваат 13% помалку од мажите

Мажите во Босна и Херцеговина во просек заработувале за околу 13% повеќе од жените, додека лицата со завршен факултет во однос на оние со средно училиште имаат околу 15% повисока месечна плата, покажува анализата на порталот Plata.ba.

Разликите во платите меѓу половите во БиХ е тренд и во Европската, каде што вработените жени во просек заработуваат 14% помалку од мажите.

За да се изедначат платите меѓу половите во Унијата, застапниците во Европскиот парламент на 21-ви јануари оваа година усвоија резолуција околу Стратегијата на ЕУ за рамноправност на половите со којашто ја повикуваат Комисијата да изработи нов амбициозен акционен план за намалување на разликите во платите меѓу половите.

Највисоката плата во БиХ во последните 12 месеци е околу 4.250 евра, што е исплатена на еден генерален директор, а наведениот износ, освен платата содржи и бонуси.

Фото: Pexels