Мексико е најголем извозник на јагоди во светот со удел од 30% и заработка од 904,9 милиони долари, што е за 42,3% повеќе во 2020 одошто во 2019 година.
Следна е Шпанија со удел од 22,25% во глобалниот извоз на јагоди, достигнувајќи вредност од 670,89 милиони долари или 0,62% повеќе во споредба со 2019 година.
На трето место, според извоз на јагоди, се најдоа САД со извоз од 477,49 милиони долари или 5,69% повеќе на годишно ниво.
Меѓу 10-те најголеми извозници на јагоди се најдоа и: Холандија (295,8 милиони долари), Белгија (182,65 милиони долари), Грција (81,89 милиони долари), Египет (78,74 милиони долари), Мароко (56,52 милиони долари), Германија (39,68 милиони долари) и Италија (36,2 милиони долари).
Фото: Pexels











