Нов национален брод, наследник на Кралската јахта Британија, што ќе ја промовира трговијата и индустријата на Велика Британија ширум светот, ќе чини 232 милиони евра.
Бродот би се користел како место за одржување саеми, министерски состаноци и дипломатски средби во време кога Велика Британија се обидува да изгради врски и да го зајакне извозот по Брегзит, а бродот би бил првиот национален брод по луксузната јахта Британија, повлечена во 1997-ма година.
Името на бродот уште не е објавено, но британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со притисок од заговорници за правење на бродот да го именуваат по војводата од Единбург, принцот Филип, кој учествувал во дизајнирањето на јахтата Британија, пренесува Ројтерс.
Џонсон изјави дека новиот национален брод ќе биде “прв пловен објект од ваков вид во светот, со којшто ќе се покаже Велика Британија како голема, независна, поморска трговска земја“.
Изградбата на бродот ќе почне најрано во 2022-ра година и ќе влезе во поморската служба во следните четири години. Со бродот ќе управува Кралската морнарица и се очекува да биде во служба во следните 30 години.
Фото: Pexels











