Првпат по 228 години – жена ќе управува со Лувр

105

За првпат во својата историја, од основањето во 1793 година, по Француската револуција, музејот Лувр ќе го води Лорен де Карс. Педесет и четиригодишната де Карс во овој момент управува со два музеја – Орсај и Лоранжери.

На челната функција на Лувр таа е именувана од претседателот на Франција, Емануел Макрон.

“Четири години во Орсај ми даваат самодоверба за оваа луда идеја да биде следниот директор на Лувр. Претседателот најверојатно увиде дека јас сум подготвена за оваа функција, па затоа сум спокојна“, рекла де Карс во интервју за The New York Times.

На први септември таа ќе го замени Жан Лука Мартинез, кој водел интензивна кампања за да освои уште еден петгодишен мандат.

Довербата за де Кар доаѓа и од нејзиниот ангажман како научна директорка за развој на Лувр во Абу Даби, музеј во Обединетите Арапски Емирати, што го изнајмува брендот Лувр и е отворен во 2017 година,

Лувр е музеј во сопственост на француската држава и располага со годишен буџет од околу 240 милиони евра и повеќе од 2.000 вработени.

Пред пандемијата, Лувр има околу 10 милиони посетители годишно, што го прави еден од најпосетуваните музеи во светот.

Фото: Facebook