Книгата што го направи Бафет милијардер

Сопственикот на познатата групација LVMH, Бернард Арно, го симна од тронот Џеф Безос, основачот на Аmazon и со тоа стана најбогатата личност на светот, но се чини дека на славниот инвеститор Ворен Бафет “не му пречи“ да биде високо на 6-то место на списокот на милијардери на Forbes. Додека се чини дека другите се натпреваруваат да се надминат едни со други, Американецот, кој овој август ќе наполни 91 година, ужива во неговите секојдневни ритуали, како што се читање, работа и брза храна.

Тој во неколку интервјуа истакна: “Во мојата канцеларија нема да видите диплома од Универзитетот во Небраска или магистратура од Универзитетот во Колумбија, но ќе видите сертификат што го добив на курсот Дејл Карнеги“.

Дејл Карнеги беше американски писател и предавач и се занимавал со личен развој, вештини за трговија, градење на тимови, јавен говор и меѓучовечки вештини. Бафет верува дека тој, во едукативна смисла, го облагородил повеќе од споменатите институции.

Тој исто така истакна дека книгата How to Win Friends and Influence People, објавена во 1936 година од Дејл Карнеги, е “заслужна“ да стане мултимилионер. До 2011 година, повеќе од 30 милиони примероци од ова дело беа продадени ширум светот и се смета за една од најпродаваните книги во историјата.

Магазинот Time ја прогласи за една од 100-те највлијателни книги досега. Значи, не случајно сопственикот на компанијата Berkshire Hathaway, чие богатство денес се проценува на 109,5 милијарди долари – ја избра за свој “водич“ на патот кон успехот.

Фото: Pixabay