Швајцарскиот производител на храна и пијалаци, Nestle соопшти дека работи на ажурирање на своите прехранбени и здравствени стратегии откако Financial Times извести за интерен документ на прехранбениот гигант во којшто поголемиот дел од храната и пијалаците ги опишува како нездрави.
Financial Times на почетокот на годината имал увид во интерна презентација којашто кружела меѓу највисоките менаџери во којашто се наведува дека повеќе од 60% од редовното портфолио на Nestle за храна и пијалаци не може да се смета за здраво “признаено со дефиницијата за здраво“.
Весникот наведува дека таа проценка се однесувала на околу пола од вкупното портфолио на Nestle, бидејќи од анализите се исклучени категории како што е медицинска исхрана, храна за домашни миленици, кафе и адаптирани формули за новороденчиња.
Nestle соопшти дека работи на “проект што се однесува на целат компанија“ со цел да ја ажурира својата прехранбена и здравствена стратегија и да го ревидира целото портфолио за да може со сигурност да тврди дека производите помагаат во задоволување на прехранбените потреби на луѓето.
Компанијата во последните седум години го намали нивото на шеќер и сол во своите производи за околу 14 до 15% и ја продолжува заложбата своите производи да ги прави здрави.
Фото: Facebook