Omnicom и Publicis се спојуваат во најголема маркетинг агенција

49

publicis_omnicomАмериканската маркетинг агенција Omnicom и француската Publicis ќе се спојат во една, најголема маркетинг фирма на светот, вредна 35,1 милијарди долари.

Извршниот директор на Omnicom, Џон Врен и неголиот колега од Publicis Морис Леви заеднички ќе ја водат фирмата, соопштија двете компании, јавува АП.

Новата Publicis Omnicom Group ќе вработува преку 130.000 луѓе и ќе се листа на Њујоршката и Париската берза, а конечното спојување се очекува во март 2014 година.

Спојувањето ќе овозможи поголема контрола во формирањето на цените и насочување на вниманието кон азиските и латиноамериканските пазари како Кина и Бразил.

omnicom-publicis-620x349