Србија почнува со производство на Sputnik V 

30

Србија денеска почнува со производство на руската вакцина против коронавирус Sputnik V В на институтот Торлак.

На аеродромот Никола Тесла слетал авион од Русија со компоненти што се потребни за производство на вакцината во Србија, пренесува РТС.

Во првата фаза од производството, како што е најавено, ќе бидат произведени четири милиони вакцини.

Србија станува прва земја во јужна Европа којашто ќе го произведува Sputnik V.

Фото: Freepik