Што е глампинг?

330

Сè попопуларен вид на одмор кај оние со подлабок џеб е таканареченото глампинг или луксузно кампување.

Глампинг, претставува активен одмор што овозможува да уживате во природата поштедени од лошите страни на традиционалното кампување. Со оглед на тоа дека станува збор за погодности какви што постојат во хотелите со пет ѕвезди, со неприкосновен пристап до природата, глампингот претставува спој на луксузот и едноставноста.

Иако се чини како новина, овој концепт всушност постои со векови, уште во 15 – 16 век, кога европските и османлиските владетели спиеле надвор од своите палати за време на походите. Тогаш за нив би биле подготвени луксузни шатори.

Со векови подоцна, глампингот се појави во Велика Британија, Америка и Франција, а денес сè повеќе го развиваат другите земји со цел да привлечат богати туристи.

Специјални шатори, куќи и кампови парираат на најдобрите хотели

Неверојатен поглед, бањи, постелнина од свила, приватни плажи, личен батлер, луксузно опремени дневни соби се само некои од карактеристиките на луксузното кампување. Покрај тоа, тие обезбедуваат максимална авантура, пешачење, велосипедизам, рафтинг, …

Глампинг е активност што ја чува природната средина. За разлика од изградбата на хотели, што трошат многу енергија за време на конструкцијата, сместувањето на глампингот претежно се потпира на елементи од природата. Соларни панели, самоодржливи градини се само некои од примерите. Во некои случаи, овие објекти се направени од рециклирачки материјал

Глампинг во Македонија нема, но најблискиот луксузен камп до нашата земја е во Словенија. Ако сакате да ја поминете ноќта во луксузен камп во Словенија, ќе мора да издвоите барем околу 100 евра, додека за тоа задоволство во Франција ќе ви требаат најмалку десет пати повеќе, или околу 1.000 евра од вечер.

Фото: Pixabay