Британец на лотарија добил 130 милиони евра

Среќен добитник на британската лотарија Euromillions освоил 111.540.000 фунти или 130 милиони евра.

Уште не се знае неговиот идентитет, ниту каде живее, пренесуваат британските медиуми.

“Добитникот автоматски е деветти добитник по големина на наградата на лотаријата и има богатство со коешто може да ги оствари своите соништа. Сега може да му помогне да почне да живее нов живот“, вели Енди Картер, висок советник во британската лотарија.

Ова е четврта награда на Euromillions оваа година, додека најголемата беше 142,5 милиони евра.

Фото: Pexels